Вебер останува во Ред бул - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вебер останува во Ред бул

Марк Вебер ќе биде втор возач на Ред бул и во следната сезона. Оваа информација беше потврдена откако челниците на австрискиот тим го официјализираа новиот едногодишен договор со австралискиот ветеран. Договорот за продолжување на соработката бил потпишан уште пред неполн месец, непосредно по завршувањето на трката во Унгарија, но двете страни сепак решија да ја кријат оваа информација се до почетокот на новите возбудувања во Ф1, на патеката Спа во Белгија. 

 

Уште кога решивме да се договараме за нов едногодишен договор, јасно беше дека Марк е заинтересиран за продолжување на соработката. Преговорите беа експресни, тој сакаше да остане дел од нашиот тим, ние исто така сакавме да го задржиме, така што немаше никаков проблем да се пронајде заеднички јазик“ – изјави Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред бул.

 

И самиот Вебер не го криеше задоволството што и во следната сезона ќе вози за Ред бул, тимот што дефинитивно го има најбрзиот болид во Ф-1 шампионатот.

 

Веќе пет години сум дел од Ред бул, учествував во овој сериозен проект да станеме тим на кој што многумина ќе му завидуваат. Кога ми беше понудена можност за продолжување на соработката, логично беше да прифатам. Предизвикот е голем, но ние имаме фантастичен болид кој што ни гарантира уште многу добри резултати“ – истакна Австралиецот, кој сезонава шест пати се искачи на подиумот, но се уште нема забележано ниту една победа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.