Ватерполисти, многу разочаравте! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ватерполисти, многу разочаравте!

Македонската ватерполо репрезентација го загуби и денешниот натпревар со Романија (12-10) и ќе игра за пласман на 11. место на ЕП во Холандија. Тоа апсолутно не е пласманот што Игор Гочанин и ватерполистите го најавуваа пред овој шампионат, квалификации за ЛОИ во Лондон, па Пливачката федерација на Македонија треба добро да размисли дали ќе користи и понатаму „увозни“ ватерполисти за вештачки да создава атмосфера во овој спорт. Понекогаш е многу подобро да ја извлечете главата од водата и да видите навистина каде се наоѓате.
 
Репрезентацијата на Македонија го загуби и денешниот меч со Романците. Беше од витално значење, затоа што решаваше дали ќе имаме шанси да стигнеме до 7.позиција на шампионатот, но така ќе беше само доколку победевме. Поразот не носи во борба за 11. позиција, а за противник ќе го очекуваме подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Турција. Тоа според сите прогнози треба да биде Турција, ривалот кого единствено го победивме на ова Европско првенство.
 
Во македонската ватерполо селекција повторно не функционираше најдобро нападот, па така првиот гол го постигнавме дури по пет и пол минути игра во првата четвртина која заврши 1-1. На полувремето губевме со 4-5, а по третиот период Романците имаа предност од 7-9. Во тие моменти постоеше малку надеж за пресврт, иако претходно Романија имаше и четири гола предност (5-9).

Во последниот период, намаливме на 8-9, а Ранчиќ при резултат 8-10 не успеа да искористи петерец, по што беше јасно дека Македонија не може да го избегне поразот. На крајот, Романија славеше со 12-10, а нашите ватерполисти ја продолжија серијата порази на ЕП во Холандија.               

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.