
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Васоски се враќа во својот Вардар?!
- '
- Објавено: август 25, 2011 22:00
Александар Васоски се враќа во Вардар?! Сте го прочитале ова и порано, во најавата на оваа фудбалска сезона, но сега е активирано копчето за „риплеј“, затоа што се искомпликува работата околу договорот што популарниот Тетовче го потпиша со грчкиот клуб Кавала. Кога потпиша, Кавала беше прволигаш, но најверојатно со одлука на Министерството за култура и спорт на Грција, тој ќе биде преселен во четвртата лига, поради лажирање на резултати и разни малверзации што ги правело раководството на клубот. Тоа значи дека сите професионални договори на фудбалерите автоматски се ништовни, па Александар Васоски и понатаму е без клуб каде би ја продолжил својата фудбалска кариера.
А каде би се скрасил Васоски, ако не во својот Вардар?! Понудата за враќање се уште стои во неговото сандаче, па тој треба само да „запали“ на север, да се врати во Македонија и да се согласи на нова верност кон црвено-црната боја, во клубот каде што го направи своето фудбалско име и каде што се прослави…Од Вардар замина за Ајнтрахт Франкфурт, играше во Бундес-лигата, настапуваше за македонската фудбалска репрезентација и сега како искусен 32-годишен фудбалер, се чини дека треба да помогне за повторно воздигнување на македонската гордост.
На адресата на Васоски веќе има неколку илјади писма, пораки од фановите на Вардар, неговиот фејсбук-профил е преплавен од апелите на навивачите да се врати на Градски. Сега, по ново, на арената „Филип Втори“, а тој треба да биде еден од главните водачи на „црвено-црните“ во битката за шампионската титула. Ќе се врати ли Тетовче во Вардар?! Ќе ни кажат наредните неколку денови…