Васко Скендеровски ќе застане на чело на КМФ Велес - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Васко Скендеровски ќе застане на чело на КМФ Велес

Васко Скендеровски ќе застане на чело на КМФ Велес

Поранешниот селектор на националната селекција во футсал, Васко Скендеровски, пред нешто повеќе од еден месец се повлече од челото на КМФ Железарец. Скендеровски беше прв човек и генерален спонзор на најтрофејниот македонски клуб во футсал, а по неговото повлекување остана неизвесно дали раководството на „железарците“ ќе прифати да биде домаќин на групата од елитната фаза на УЕФА футсал купот.

Непосредно по откажувањето од својата улога во клубот кој изминатите осум години царува со домашната футсал сцена, а пишува и историја на меѓународната сцена, Скендеровски се договорил со раководството на КМФ Велес за целосно негово преземање.

Поранешниот селектор ќе има тешка задача да го крене на нозе клубот кој минатата сезона ја заврши на неславното седмо место во домашното првенство, со двојно помалку бодови од актуелниот шампион, а во рамки на Купот стигна до четвртфиналето каде беше поразен од Јувентус Серава. Се очекува и комплетен ремонт на тимот кој би требало да започне по официјализирањето на соработката помеѓу двете страни.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.