„Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна!

„Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна!

И актуелниот македонски шампион денеска означи старт на зимските подготовки.

Стратегот на „вардарци“, Чедомир Јаневски на денешниот прв тренинг во новата година, покрај досегашните првотимци, ги имаше на располагање и најновите три имиња Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски.

„Почнуваме со подготовките за пролетниот дел од сезоната, низ која Вардар останува на своите амбиции стигнување до шампионската титула. Има за играње уште 18 натпревари до крајот низ кои секако веруваме дека може да ја стигнеме разликата на лидерот во првенството која секако не е недостижна. Имаме со нас тројца млади фудбалери, репрезентативци, кои верувам ќе донесат свежина во играчкиот кадар“ – истакна Јаневски на првиот собир пред стартот на подготовките.

vardarci trening

Покрај „тројката“ која дојде од Пелистер, Вардар за пролетниот дел од сезоната се очекува да се поднови и со младинскиот репрезентативен голман, Филип Илиќ, како и со 23-годишниот Бразилец Јаго Силва.

Според планот на стручниот штаб, „црвено-црните“ ќе работат во Скопје во својот тренинг камп до 16. јануари, кога екипата заминува на подготовки во Анталија. Таму ќе биде одработен главниот дел од овој подготвителен период, и ќе бидат одиграни шест пријателски натпревари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.