Вардарки ја прославија четвртата шампионска титула - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардарки ја прославија четвртата шампионска титула

Вардарки ја прославија четвртата шампионска титула

Ракометарките на ЖРК Вардар и официјално ја одбранија шампионската титула и го добија победничкиот пехар по триумот над ЖРК Металург со 34-28 во последниот натпревар од плеј-офот во македонската Супер лига.

За вардарки ова е четврта шампионска титула по ред со која и следната сезона обезбедуваат настап во европската Лига на шампионите.

Причина за радост во „Јане Сандански“ имаа и ракометарките на Вардар јуниор кои прв пат се  вицешампионки на Македонија.

Плејофот во Супер лигата завршува во сабота со последниот дуел меѓу Куманово и Пелистер, но распоредот на табелата е веќе познат. ЖРК Вардар е ново-стариот шампион, а Вардар јуниор и Металург имаат по 15 бода, но со подобар скор во меѓусебните дуели, младите Вардарки ја освоија вицешампионската титула.

фото: ЖРК Вардар

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.