„Вардарки“ дадоа 51 гол за ново куп-финале (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Вардарки“ дадоа 51 гол за ново куп-финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Вардарки“ дадоа 51 гол за ново куп-финале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЖРК Вардар е вториот финалист во Купот на Македонија откако „црвено-црните“ славеа со убедливи 51-18 на дуелот против Куманово. Актуелните шампионки со леснотија ја оправдаа фаворитската улога, доминирајќи цел натпревар во кој Кастратовиќ им даде шанса на сите ракометарки од ростерот.

Андреа Човиќ со 12 гола беше најефикасна кај ЖРК Вардар, пред Ристовска со девет, додека кај кумановки Трајковиќ пет пати биеше прецизно во мрежата на шампионките. „Црвено-црните“ за ривал во финалето ќе го имаат ЖРК Металург, кој во првото полуфинале славеше над Вардар јуниор со 29-23.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.