Вардар во победничка мисија, Кристијанштад во Скопје без капитенот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар во победничка мисија, Кристијанштад во Скопје без капитенот

Вардар во победничка мисија, Кристијанштад во Скопје без капитенот

Во последниот натпоревар во Лигата на шампионите годинава, Вардар денеска (17.30 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува шведскиот Кристијанштад. Вардарци се единствената непоразена екипа сезонава во ЛШ и тенденцијата на „црвено-црните“ е во победнички стил да ја завршат 2017 година.

Ако играме како што знаеме, ќе ја оправдаме таа фаворитска улога и со победа ќе ја завршиме годинава во ЛШ. Не треба да се опуштаме, досега немаме пораз и се оди добро, да не ја разочараме публиката ни сега на крајот од годинава“ – истакна капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Шведскиот првак во претходното коло го победи ПИК Сегед со 33-32 и се одлепи од долниот дел на табелата во борба за влез во следната фаза од ЛШ. Иако во Кристијанштад посакуваат уште некој бод на своето салдо, свесни се дека на гостивањето против европскиот шампион во Скопје тоа ќе биде тешко изводливо. Уште повеќе што тренерот Ола Линдгрен на дуелот со Вардар доаѓа со ослабен состав во кој недостасува капитенот Олафур Гудмундсон. Исландскиот лев бек се повреди на дуелот со ПИК Сегед, а потоа го пропушти и дуелот со Карлскрона во шведскиот шампионат.

„За жал, јас сигурно останувам дома“ – потврди Гудмундсон за „Кристијанштадбладет“.

Според најавите, ола Линдгрен на дуелот со Вардар ќе настапи со 15 ракометари во составот. Во тимот на Кристијанштад се враќа Норвежанецот Стиг-Торе Моен Нилсен кој имаше повреда на раката, но неизвесно е дали ќе се појави на теренот во „Јане Сандански“.

Во досегашните пет меѓусебни дуели, Вардар има пет победи против Кристијанштад. На последниот од нив што се одигра на 4 ноември годинава, „црвено-црните“ во Шведска победија со 26-23.

По девет кола во групната фаза од ЛШ, Вардар е на првото место на табелата во групата А со 16 бода од седум победи и две нерешени средби. Кристијанштад е на шестото место со шест бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.