Вардар со несакан пех ја плати победата над Мец: Повреда на Пенезиќ (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар со несакан пех ја плати победата над Мец: Повреда на Пенезиќ (ФОТО)

Вардар со несакан пех ја плати победата над Мец: Повреда на Пенезиќ (ФОТО)

Посакуваната победа против француски Мец, ракометарките на Вардар ја платија и со несакан пех, повредата на една од своите најдобри ракометари Андреа Пенезиќ.

Хрватската интернационалка имаше квалитетен натпревар против Французинките, но пред крајот на мечот несреќно заработи повреда на мускулот, по што веднаш мораше да ја напушти играта.

IMG_3472

Од клубот најавија детални прегледи, по што попрецизно ќе биде познато за тежината на повредата, иако од сега се најавува дека ниту малку не е наивна, па најверојатно ќе следи и извесна пауза за Пенезиќ.

„Она што можам да кажам во моментов е дека станува збор за проблем со мускулот, откако доби удар во ногата. Се уште не можеме да кажеме конкретно за што станува збор и колку ќе паузира, тоа ќе го дознаеме во следните денови“ – соопшти тренерот на ЖРК Вардар, Дејвис, на прес-конференцијата по мечот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.