Вардар се засили и со Мите Стоилов - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар се засили и со Мите Стоилов

И покрај тоа што претходно беше најавено дека македонскиот ракометен
шампион Вардар нема повеќе за новата сезона да се засилува со играчи во поле,
сепак „црвено-црните“ денеска и официјално се договорија за ангажман на
поранешниот македонски репрезентативец Мите Стоилов.

 

Стоилов потпиша едногодишен договор со Вардар, доаѓајќи од редовите на
најлутиот ривал Металург чиј член беше минатата сезона, иако без сериозни
настапи поради повредата.

 

„Може да потврдиме дека Стоилов е нов ракометар на Вардар кој од утре треба
да се приклучи на тренинзите на екипата. Денеска јас и спонзорот на клубот, господинот
Сергеј Самсоненко, имавме финален состанок со Стоилов по кој беше постигнат
договор за идна соработка. Го сменивме претходниот став затоа што на пазарот
стана достапен квалитетен домашен ракометар кој сигурно е неопходен за тимот.
Добро е познато дека Стоилов игра во двата правци, но сигурно најмногу ќе ни
помогне во одбраната“
– изјави за ЕКИПА, тренерот на Вардар, Зоран Кастратовиќ.

 

За „вардарци“ сега останува уште ангажман на уште едно име на голманската
позиција.

 

„Во преговори сме, и за два до три дена очекуваме официјално да биде
промовиран уште еден голман за новата сезона“
– вели Кастратовиќ.

 

Мите Стоилов, како што е познато до пред две години беше стандарден наш
репрезентативец, а во својата кариера покрај во Металург, има настапи и за
Младост и хрватскиот Загреб.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.