Вардар се ослободи од Џигаури и Итало, продолжување на соработката со Блажевски и Велковски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар се ослободи од Џигаури и Итало, продолжување на соработката со Блажевски и Велковски

Вардар се ослободи од Џигаури и Итало, продолжување на соработката со Блажевски и Велковски

На крајот од есенскиот дел од шампионатот, Вардар се ослободи од двајца свои странци, Грузиецот Џамбул Џигаури и Бразилецот Итало Хозе Оливеира Дос Сантош.

Како што информираат од Вардар одлуката е да не се продолжи соработката со двајцата, откако претходно им завршија договорите со крајот на есенскиот дел од сезоната 2017/2018.

Џигаури дојде меѓу „црвено-црните“ во минатиот зимски преоден рок, и по една година и 40 настапи во дресот на Вардар, ќе може да бара нов ангажман. Итало, пак, кон крајот на август се приклучи на Вардар, и настапи сезонава на 17 меча во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола.

Од друга страна, Вардар ја продолжува соработката со Дејан Блажевски и Дарко Велковски на кои исто така им завршуваат договорите, и со нив ќе бидат потпишани нови договори.

Шампионот во зимскиот преоден рок може да остане и без уште неколку стандардни првотимци. Не е тајна интересот за ангажман на клубови од странство на Бобан Николов, Хуан Фелипе, Филип Гачевски и Тигран Барсегјан. Неизвесно е останувањето во клубот и на Бесир Демири и Хофханес Хамбарџумјан.

„Црвено-црните“ се насочуваат кон ангажман на домашни фудбалери. Веќе на радарот се повеќе фудбалери од најдобрите македонски клубови. Фокусот е и кон дел од фудбалерите на Пелистер кои забрзано го напуштаат битолскиот прволигаш. Јован Попзлатанов и Матеј Цветановски се можни засилувања за пролетниот дел од сезоната, а цел е и 21-годишниот фудбалер од средниот ред на Силекс, Кристијан Филиповски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.