Вардар против Кристијанштад во финалето на „Вардар 2015“, Металург за 5. место - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар против Кристијанштад во финалето на „Вардар 2015“, Металург за 5. место

Вардар против Кристијанштад во финалето на „Вардар 2015“, Металург за 5. место

Македонскиот шампион, Вардар ќе игра против шведски Кристијанштад во утрешното финале на турнирот „Вардар 2015“ кој се игра по повод едногодишнината од изградбата на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Кристијанштад денеска ја запиша и втората победа во Групата Б на турнирот славејќи со 32-20 против Краснодар, на тој начин обезбедувајќи го првото место во групата.

Оваа победа на Швеѓаните, значеше и второ место за Краснодар, а трето за Металург кој со повисока гол разлика претходно загуби од Кристијанштад, па утре ќе игра натпревар за 5. место на турнирот со поразениот од дуелот меѓу Нексе и Чеховски медведи кој се игра вечерва.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.