Вардар про на турнир во Словенија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар про на турнир во Словенија

Ракометарите на Вардар про подготовките за новата сезона ги продолжуваат во Словенија. „Црвено-црните“ ќе настапат на Шалеско-Савињскиот турнир што се одржува од денеска до недела во заедничка организација на словенечките клубови Целје  Пивоварна Лашко и Горење. Покрај екипите домаќини и Вардар про, на турнирот ќе учествуваат уште два клуба од регионот, Нексе и Босна и францускиот Трембле.

Во првиот дел од турнирот екипите се поделени во две групи, а натпреварите денеска и утре ќе се играа во Велење. В недела екипите се селат во Целје каде ќе ги одиграат завршните мечеви за пласман.

Вардарци се во групата 2 заедно со Горење и со Босна. Во групата 1 се Целје, Трембле и Нексе. Во првиот меч, утре (12 ч.),избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ ќе играат против босанскиот првак, а во вечерниот термин (20 ч.) ги очекува дуелот со Горење. Претпладневните натпревари се играта во две полувремиња од по 20 минути.

Пред настапот во Словенија, вардарци имаа висински подготовки на Златибор.Според зацртаниот план до стартот на новата сезона Вардар про ќе настапи на уште два силни турнири во Полска и во Франција.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.