Вардар повторно до кошаркарскиот куп - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар повторно до кошаркарскиот куп

Тимот на Вардар за кошаркари до 20 години ја продолжи својата доминација во младинскиот Куп на Македонија, славејќи со 81-58 над Струмица и стигнувајќи до својот четврти трофеј во ова натпреварување. „Вардарци“ влегоа во овој натпревар без ниту еден пораз сезонава во лигата за играчи до 20 години, што јасно им ја даваше фаворитската улога, што „црвено-црните“ апсолутно ја потврдија и на теренот. 
 
 
Струмичани беа достојни ривали само во првото полувреме, за во продолжението Вардар целосно да доминира на теренот, да ја воспостави својата вообичаено брза игра и да стигне до убедлива победа. Дејан Лазаревски беше најпрецизен на теренот со 29 поени, на кои додаде 3 скокови и 2 асистенции, па овој кошаркар заслужено го доби и признанието за најкорисен играч на финалето. Покрај Лазаревски, со добра игра се истакнаа и Игор Ивановиќ со 17 поени, 6 асистенции, 5 украдени топки и 3 скокови, како и Илија Ристевски кој оствари дабл-дабл од 14 поени и 12 скокови. Во екипата на Струмица, Филип Спасев го заврши мечот како најдобар стрелец со 20 поени.

Ова беше трети трофеј по ред за вардарци во Младинскиот Куп на Македонија, откако во минатите две сезони „вардарци“ во финалните натпревари славеа над Фени Индустри и Карпош Соколи. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.