Вардар Неготино со последниот воз во Втората лига - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар Неготино со последниот воз во Втората лига

Вардар Неготино со последниот воз во Втората лига

Тимот на Вардар Неготино ќе го комплетира второлигашкото друштво за следната натпреварувачка сезона, откако денеска и на реванш дуелот од баражот за пополнување на Втората лига славеше над Вардар Форино со 2-0. Со оглед дека неготинци го добија и првиот бараж меч со 3-0, на убедлив начин се изборија за пласман во повисок ранг на натпреварување.

Вардар Неготино и се придружува на Академија Пандев, која претходно исто така преку бараж натпревари стигна до второлигашката конкуренција. Тимот на Љубанци го задржа второлигашкиот статус, откако го совлада Новаци дури по изведување на пенали.

Вардар Неготино денеска славеше против Вардар Форино со 2-0. Стрелци на головите за неготинскиот тим беа Чаушев и Најдов.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.