Вардар: Лико и Оса не тренираат - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар: Лико и Оса не тренираат

Нема крај на проблемите со повредени фудбалери оваа есен во
редовите на Вардар. Откако од пред седум денови стручниот штаб на тимот не може
да смета на српските интернационалци Игор Стојаковиќ и Раденко Бојовиќ,
деновиве на тренинзите на клубот не се ниту бразилскиот напаѓач Пауло Маскулино
Лико како и Нигериецот Ајс Крим Гуобадија Оса.

 

Лико поради оток на коленото не тренира веќе неколку денови, но очекувањата од лекарскиот тим се дека сепак ќе биде подготвен за саботниот натпревар од 12. коло во Првата лига против 11 Октомври на стадионот на Ѓорче Петров во Скопје. Додека, повредата на нигерискиот фудбалер е далеку покомпликувана, па тој најверојатно нема да му биде на располагање на Илчо Ѓорѓиоски за дуелот со прилепчани.

 

За Србинот Игор Стојаковиќ, по деталните прегледи, е јасно дека нема да биде на располагање на тимот во следните 20 дена. На тренинзите ќе може да се врати најбрзо за две седмици, по што ќе треба дополнителен период за да биде во полна натпреварувачка форма. Раденко Бојовиќ, пак, по операцијата на носот веќе се врати на тренинзите на клубот, но се уште неизвесно е дали ќе може да помогне на саботниот натпревар.

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.