Вардар и Струмица во финалето од младинскиот куп - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар и Струмица во финалето од младинскиот куп

Изминатиот викенд беа одиграни полуфиналните натпревари од младинскиот Куп на Македонија, па веќе е познато дека во големото финале од ова натпреварување силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и на Струмица. Составот на Вардар, кој што доминира во младинските категории во ова натпреварување, успеа да слави во дуелот со градскиот ривал Работнички со 69-56. Тимот од „Градски парк“ беше подобар само во првата четвртина, за во преостанатиот дел од мечот да доминираат „вардарци“, кои сосема заслужено стигнаа до победата. Игор Ивановиќ со 27 поени беше убедливо најзаслужен за оваа победа на Вардар, Лазаревски постигна 14 поени, додека Ристевски стигна до дабл-дабл од 11 поени и 13 скокови. На спротивната страна, кај Работнички најпрецизен беше Младеновски со 17 поени. 
 
Струмица славеше во дуелот со МЗТ Скопје со 81-74, благодарение на неверојатната трета четвртина што струмичани ја добија со преубедливи 33-12. Со тоа, тие успеаја да си обезбедат предност од дванаесет поени во пресрет на последниот период, што знаеја како да ја претворат во конечен триумф. Филип Спасев со 29 пооени и девет скокови беше најзаслужен за оваа победа, додека во таборот на МЗТ најпрецизен беше Цветковски со 17 поени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.