Вардар го декласираше Ал Сад, за трето место и 150.000 доолари - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар го декласираше Ал Сад, за трето место и 150.000 доолари

Вардар го декласираше Ал Сад, за трето место и 150.000 доолари

Ракометарите на Вардар го освоија третото место на Суперглоуб, откако попладнево во малото финале славеа над домаќинот Ал Сад со убедливи 37-19. Екипата од Катар дваесетина минути одлично им парираше на „црвено-црните“, кои потоа заиграа на највисоко ниво и го збришаа противникот стигнувајќи до третата позиција, која воедно носи и парична награда од 150.000 долари.

„Вардарци“ подобро го почнаа натпреварот, поведоа со 4-1 на самиот старт, а по десет минути игра имаа водство од 5-3. Ал Сад не се предаде туку со три гола во низа поведе со 6-5, пред серијата на Катарците да ја прекине Марсениќ. Шариќ беше одличен на голот на Ал Сад и им создаваше огромни проблеми на европските прваци, а искусниот голман имаше и прецизен обид за гол од својата половина при водство на Вардар од 8-7, но Македа со извонреден скок од шест метри ја спречи топката да заврши во мрежата. Овој момент како да им даде дополнителна сила на „вардарци“, кои заиграа пофокусирано и до крајот на полувремето стигнаа до четири гола предност (14-10), со голот во последната минута на Тимур Дибиров.

Тоа беше само најава за фантастичните втори 30 минути што Вардар ги одигра, најдобро полувреме на Суперглоуб, во кој Ал Сад немаше одговор ниту за нападот ниту за одбраната на „црвено-црните“, па македонскиот клуб на крајот заслужено славеше со убедливи осумнаесет гола разлика (37-19), откако Гонзалез во финишот им даде шанса и на дел од резервните ракометари.

Во големото финале од 18 часот ќе се сретнат Барселона и Фуксе Берлин.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.