Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци

Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци

Македонскиот првак Вардар во пресрет на стартот на зимските подготовки ги претстави трите нови засилувања, кои ЕКИПА претходно ги најави како нови аквизиции на „црвено-црните“. Досегашните „пелистерци“, Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски во наредниот период ќе го носат дресот на Вардар. Сите тројца потпишаа тригодишни договори со најтрофејниот македонски клуб.

Понуда од Вардар, едноставно не се одбива. Така размислуваат овие млади фудбалери, а јавно тоа го истакна репрезентативецот Кристијан Тошевски.

popzlatanov vardar

„Од понудените услови сум задоволен, и кога ми стигна понудата, воопшто не размислував. Ја прифатив, и ете сега сум дел од Вардар, од клубот број еден во Македонија. Секој играч во Македонија, посакува да игра за овој тим, и едвај чекам да почнам да играм во нашиот најдобар клуб“, изјави Тошевски.

Младинскиот репрезентативец Јован Попзлатанов исто така не го крие задоволството што ќе го носи дресот на шампионот.

jovan popzlatanov vardar

„На секој му годи кога ќе добие понуда да настапува во Вардар. Тоа е најдоброто нешто за еден фудбалер, и секој играч би сакал да настапува во најдобриот клуб. Не го кријам моето задоволство што сум ангажиран од страна на Вардар и чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од овој клуб“, истакнува Попзлатанов.

Офанзивецот Матеј Цветаноски се надева дека ќе даде свој придонес во освојување на нови трофеи во „црвено-црните“ редови.

cvetanoski vardar

„Подготвен сум за овој предизвик. Знам дека тука треба повеќе работа и залагање за да се докажам пред стручниот штаб. Меѓутоа се надевам дека ќе ја оправдам довербата и ќе дадам се од себе да помогнам да дојдеме до двојната круна и да донесеме уште еден голем успех на клубот во Европа, како што беше и минатата година со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа“, изјави Цветаноски.

Вардарци денеска, со почеток во 11 часот, ќе ги започнат зимските подготовки. Во клупската база тренерот Чедомир Јаневски ќе ја изврши првата прозивка, на која ќе присуствуваат и новите засилувања.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.