Вардар ангажира тројца „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветановски ќе станат „вардарци“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Вардар ангажира тројца „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветановски ќе станат „вардарци“

Вардар ангажира тројца „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветановски ќе станат „вардарци“

Македонскиот првак Вардар ќе се засилува во овој зимски преоден рок. Има најави и за засилувања од странство, но напоредно се преговара и со фудбалери од домашниот шампионат. Речиси се е договорено за тројца „пелистерци“ да го облечат „црвено-црниот“ дрес оваа зима. Тоа се Јован Попзлатанов, Кристијан Тошевски и Матеј Цветановски. Се очекува тие многу брзо да бидат и промовирани како нови аквизиции на македонскиот шампион.

Тошевски е сениорски репрезентативец и ќе ја засили конкуренцијата на десната бековска позиција, а по потреба може да одговори и на спротивната лева страна, или пак како централен одбранбен фудбалер. Јован Попзлатанов е крилен играч, а Матеј Цветановски треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија на „црвено-црните“. Се работи за млади и квалитетни фудбалери, кои секако се меѓу „најдоброто од Македонија“ во овој момент што Вардар би можел да го ангажира.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.