Валентино Роси ја покажа скршеницата на ногата за да ги увери сите во чудесното заздравување - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Валентино Роси ја покажа скршеницата на ногата за да ги увери сите во чудесното заздравување

Валентино Роси ја покажа скршеницата на ногата за да ги увери сите во чудесното заздравување

Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси ја покажа скршеницата на ногата, за да може да ги увери сите дека чудесно заздравел, пред да се врати на тестирањата и да продолжи да се натпреварува во МотоГП. Тој за само 22 дена повторно се качи на мотоцикл, откако ја скрши десната потколеница и беше опериран. Ова е окарактеризирано како вистинско медицинско чудо, со оглед дека лекарите му предвидуваа најмалку 40 денови пауза.

„Морав да го сторам ова, за да ми поверуваат дека ми беа скршени тибијата и фибулата на десната нога. Ако сакате, можам да ги покажам и рендгенските снимки. Меѓутоа, почнаа да зборуваат глупости, дека воопшто и не сум имал скршеница. Јас навистина не сум заинтересиран тоа да го докажувам“, изјави Валентино Роси, а потоа им ја покажа скршеницата на ногата на новинарите.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.