Успешна 2017 година: Македонија со најголем скок на листата на ФИФА - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Успешна 2017 година: Македонија со најголем скок на листата на ФИФА

Успешна 2017 година: Македонија со најголем скок на листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја памети 2017 година како успешна, а тоа го потврди и ФИФА, која потенцира дека нашиот национален тим има најголем скок на рејтинг – листата во изминатите 12 месеци. „Црвено-жолтите“ имаат скок од цели 86 позиции и во овој сегмент се селекцијата со најголем напредок во годината што изминува.

Македонија завршува како 76.селекција во светот на листата на ФИФА со вкупно 446 рејтинг поени. Нашата репрезентација е четврта и според анализата на ФИФА за селекции со најголем напредок на рејтинг – поените, веднаш зад Данска, Шведска и зад Боливија.

Светскиот првак Германија е најдоброрангирана репрезентација на листата на ФИФА, пред Бразил и Портгугалија, а во првата „десетка“ се уште и Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.