
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
УС Опен без шампионката Клајстерс
- '
- Објавено: август 19, 2011 22:00
Ким Клајстерс ги разочара своите верни фанови објавувајќи дека нема да биде во можност да ја брани титулата освоена лани на УС Опен. Белгиската тенисерка веќе извесно време се мачеше со серија повреди, но најновиот проблем со стомачните мускули ја натера да го откаже настапот на последниот гранслем турнир за оваа година.
– Две недели бев под интензивни третмани, но нема да успеам да се рехабилитирам навреме за да настапам на УС Опен. Многу ми е жал бидејќи станува збор за еден од моите омилени турнири, во последните две години успевав да стигнам до круната во Њујорк, но сега едноставно нема да можам да играм на овој турнир. Немам друг избор освен да одам на побавна рехабилитациона програма, бидејќи ризикот од обновување на повредата е преголем. Исто така, нема да бидам во можност да настапам ниту во Пекинг, ниту во Токио, се уште е рано да се дадат прогнози кога би можела да се вратам на терените – изјави Клајстерс.