
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Урдинов меѓу Вардар и Работнички
- '
- Објавено: август 23, 2011 22:00
И покрај најавите дека низ актуелнава сезона ќе ја засили левата бековска позиција на најтрофејниот македонски клуб, сепак македонскиот младински репрезентативец Јани Урдинов сосема извесно ќе заврши во редовите на Работнички.
20-годишниот фудбалер на Рода изминативе денови веќе имаше начелен договор со раководството на Вардар за трансфер во црвено-црниот дрес, но денеска драматична промена на ситуацијата откако двете страни не успеаја да се договорат околу сумата за отштета која ќе треба да ја плати младиот фудбалер доколку предвреме посака да го напушти клубот. Тоа веднаш беше искористено од „романтичарите“ кои со голема веројатност го носат во своите редови.
„Ние и претходно веќе имавме разговори со Урдинов но очекувавме дали ќе се договори со Вардар. Нашите желби да го видиме во црвениот дрес и натаму се активни па се надевам дека деновиве ќе биде постигнат официјалниот договор“ – вели спортскиот директор на Работнички, Игор Ангелевски.
Според последните информации, останува во текот на утрешниот ден и дефинитивно да биде познато на која страна од „Филип Втори“ на крајот ќе заврши Урдинов, кој претходно не криеше дека најпрво сака актуелнава сезона да се види во вардаровиот дрес.
„Моите желби се да го облечам вардаровиот дрес, но сето тоа ќе зависи од договорот со раководството на тимот“ – истакна претходно Јани Урдинов.