УО на РФМ: Сениорите ќе добијат нов директор - Милчо Чакарески, а младинците - в.д.селектор - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

УО на РФМ: Сениорите ќе добијат нов директор – Милчо Чакарески, а младинците – в.д.селектор

УО на РФМ: Сениорите ќе добијат нов директор – Милчо Чакарески, а младинците – в.д.селектор

Назначувањето на директор на машката сениорска репрезентација на Македонија и на в.д. селектор на машката младинска репрезентација се двете најинтересни точки на дневниот ред за утрешната седница на УО на Ракометната федерација на Македонија. УО на РФМ ќе го разгледа и извештајот за настапот на машката репрезентација на ЕП во Полска.

Во склоп на активностите врзани за сениорскиот состав е и наименувањето на нов директор на репрезентацијата, функција која на ЕП во Полска времено ја извршуваше Иван Ивановиќ. Името на новиот директор на репрезентацијата, неофицијално, е веќе познато. Тоа ќе биде Милчо Чакарески, поранешниот репрезентативец, кој има менаџерски способности како дел од една компанија за осигурување, а исто така е и дел од организацијата на ракометниот камп на Кире Лазаров.

Сениорите во април ги очекува настапот во квалификациите за ОИ во Рио, а на почетокот на јуни баражот со Чешка за пласман на СП 2017 во Франција.

На машката младинската репрезентација (У20) пак од 8 до 10 април и претстои настапот на квалификацискиот турнир во Швајцарија за пласман на ЕП 2016.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.