Украински репрезентативец пушел марихуана - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Украински репрезентативец пушел марихуана

 Европската ракометна
федерација (ЕХФ) му изрече шестмесечна суспензија на украинскиот ракометар
Олексеј Ганчев поради употреба на допинг средства.

На еден од допинг
тестовите направени во јуни, за време на квалификациите за ЕП 2012, украинскиот
репрезентативец бил позитивен. Во неговата урина откриено е присуство на
канабис што е последица на употреба на марихуана.

Украинското десно крило
ќе биде на принудна пауза до 8 јануари 2012 година. Во квалификациите во кои тој
бил допинг-позитивен, репрезентацијата на Украина не обезбеди пласман на ЕП
2012 во Србија.

Суспендираниот Ганчев
(23) во наредните шест месеци не ќе може да настапува ни за својот клуб,
украинскиот првак Мотор Запорожје.

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.