УКК Гоце Делчев го ангажираше Буха, пред потпис и Караколев - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

УКК Гоце Делчев го ангажираше Буха, пред потпис и Караколев

Новиот кошаркарски прволигаш, екипата на УКК Гоце Делчев од Штип, во пресрет на дебитантскиот, историски, настап во најквалитетната лига во нашата држава, започна со екипирање на ростерот. Клубот досега, добие едно ново засилување, а во наредниот период се очекува да добие уште едно.

„Клубот идната сезона, ќе се потпре на кошаркарите кои што го внесоа  во Првата лига. Досега се засиливме со српскиот центар, Велибор Буха, со кого се е договорено, а на добар пат сме тоа да го сториме и со Никола Караколев. За евентуални нови засилување, ќе видиме дополнително, по формирањето на комплетната финансиска конструкција. Стартот на подготовките го закажавме за 4. август, а еден дел од нив ќе се одработи во Дојран“- изјави за ЕКИПА, тренерот на клубот, Делчо Толев.

Новиот играч на штипјани, 26-годишниот центар Велибор Буха, кој доаѓа од редовите на српски Меридиан НС, веќе има искуство со играње во нашата Прва лига. Пред неколку сезони го носеше дресот на  Кожув, а во својат кариера има играно уште за српските Спартак и Војводина, Слобода Тузла (БиХ), како и за екипата на Гепинген (Германија).

Што се однесува до Караколев, кој што е роден во Штип, веќе во еден дел од својата кариера играше во овој клуб, а последен екипа во кој што настапуваше е Лирија. Во својата богата кариера, овој бек има настапувано и за тимовите на Торус, Работнички и МЗТ Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.