
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Убедливи 6-2 против Србија
- '
- Објавено: септември 5, 2011 21:29
Македонската футсал репрезентација стигна до неочекувано лесна и убедлива победа од 6-2 над Србија во првиот од двата пријателски натпревари меѓу овие две селекции. Избраниците на селекторот Скендеровски пред почетокот на мечот најавуваа дека ќе одат на победа, но се чини дека никој од нив не веруваше дека „црвено-жолтите“ ќе успеат да стигнат до така убедлив триумф. Сепак, дисциплинираната игра во одбраната, како и извонредните одбрани на голманот Мирослав Тодоровски, беа главното оружје со кое што го исфрустриравме противникот, за потоа да ја искористиме секоја нова грешка.
Македонија првите три погодоци ги постигна по загубените топки на Србија на средината од теренот, кога по брзите против напади Левески, Мицевски и Агуши ја затресоа мрежата на противникот. Мицевски потоа со еврогол зголеми на 4-1, Ранготов го постигна петтиот погодок за Македонија, пред Агуши со својот втор гол да ја запечати судбината на северниот сосед. Во самиот финиш селекторот Скендеровски ги извади од игра најдобрите фудбалери и реши да им даде мала минутажа и на најмладите репрезентативци, при што на Србите им беше овозможено да стигнат до почесен погодок преку Живановиќ.
Вториот од контролните натпревари меѓу Србија и Македонија ќе се одигра утре со почеток во 18 часот во салата Форца во Скопје.