У-19: Убедлив пораз од Словаците (0-6) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

У-19: Убедлив пораз од Словаците (0-6)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години денеска на теренот на „Куќата на фудбалот“ во Скопје доживеа убедлив пораз (0-6) од соодветната селекција на Словачка. Најдобар поединец на средбата беше Томас Вештенички, кој беше стрелец на дури пет погодоци. Еден гол за гостите постигна и Симон Купец.

Словачка и на овој натпревар покажа дека има исклучително квалитетна генерација до 19 години, а беше учесник и на последното Европско првенство во оваа возрасна категорија.
Селекторот Марио Вујовиќ натреварот го започна со следните фудбалери: Џорџиев, Боцевски, Симовски, Курт, Терзиев, Илиески, Чаволи, Петковски, Костадинов, Крезиќ. На клупата за резервни фудбалери на оваа средба беа: Илиќ, Зајков, Добриќ, Дигаловски, Чешмеџиев, Демир, Кацкаровски, Христов.

„Имавме лошо отворање на натпреварот. Влеговме со преголем респект. Словачка е искусен противник и знаеше да ја казни секоја наша грешка. До квалификациите не очекува многу работа. Се надевам дека за два дена ќе ги корегираме грешките од оваа средба“ – истакна селекторот Марио Вујовиќ за сајтот на ФФМ.

Македонија и Словачка на 3 април во 10 часот ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.

Нашата селекција е домаќин на квалификациска група во оваа категорија. Турнирот кој ќе се одржи во нашата земја, ќе се игра од 7. до 15. октомври 2014 година. Македонија е во група со Франција, Босна и Херцеговина и со Лихтенштајн.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.