Турција доаѓа во најсилен состав: Арда Туран, Мор, Јилмаз, Шен...во тимот на Терим - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Турција доаѓа во најсилен состав: Арда Туран, Мор, Јилмаз, Шен…во тимот на Терим

Турција доаѓа во најсилен состав: Арда Туран, Мор, Јилмаз, Шен…во тимот на Терим

Фудбалската репрезентација на Турција доаѓа во Скопје во најсилен состав за пријателскиот натпревар против Македонија на 5 јуни. Селекторот Фатих Терим на својот список го има имињата на Арда Туран од Барселона, Емре Мор од Борусија Дортмунд, Бурак Јилмаз (Пекинг гуан), Волнан Шен (Фенербахче), Енес Унал (Вилјареал)…По тестот со Македонија, Турците ги очекува квалификациски дуел против Косово.

Селекцијата на Турција во Скопје ќе допатува в недела, на 4 јуни, еден ден пред пријателскиот меч кој ќе се одигра в понеделник, 5 јуни, на арената „Филип Втори“, со почеток во 19.45 часот.

На списокот на селекторот Фатих Терим се наоѓаат следните имиња:

голмани: Волкан Бабачан (Башакшехир), Харук Текин (Бурсаспор), Берке Озер (Алтинорду).

одбрана: Гокан Ѓонул (Бешикташ), Кан Ајхан (Фортуна Дизелдорф), Шенер Озбајракли (Фенербахче), Ахмет Јилмаз Чакли (Галатасарај), Чаглар Сојунџу (Фрајбург), Мехмет Топал (Фенербахче), Семих Каја (Галатасарај), Цанер Еркин (Бешикташ), Хасан Али Калдирим (Фенербахче), Исмаил Којбаши (Фенербахче).

среден ред: Озан Туфан (Фенербахче), Селџук Инан (Галатасарај), Емре Мор (Борусија Дортмунд), Сердар Гурлер (Генчлербирлиги), Волкан Шен (Фенербахче), Дениз Турук (Кајзериспор), Емре Акбаба (Аланијаспор), Јусуф Јазичи (Трабзонспор), Арда Туран (Барселона).

напад: Ченгиз Ундер (Башакшехир), Олџај Шахан (Трабзонспор), Бурак Јилмаз (Пекинг гуан), Ченк Тосун (Бешикташ), Енес Унал (Вилјареал), Јунус Мали (Волфсбург).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.