Црвена звезда без тренер, Божовиќ си поднесе оставка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Црвена звезда без тренер, Божовиќ си поднесе оставка

Црвена звезда без тренер, Божовиќ си поднесе оставка

Миодраг Божовиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда откако искусниот стратег самиот си поднесе оставка по вчерашниот разочарувачки пораз од Вождовац со 3-2. Овој неуспех значеше и огромно намалување на шансите за титулата ако се знае дека „црвено-белите“ на три кола до крајот имаат три бода заостанување зад лутиот ривал Партизан.

Од овој момент повеќе не сум тренер на Црвена звезда. Смеам дека тоа е сосема нормално со оглед на резултатите во последно време, за кои јас сум најодговорен од сите. Тренерот треба да биде чесен кон себе и кон сите, па кога ќе дојде време за разделба тој самиот да си замине, како господин“ – ијави Божовиќ на денешната прес-конференција.

Раководството на „црвено-белите“ најверојатно ќе именува само привремен тренер за последните три кола од сезоната, бидејќи за почетокот на следниот месец е закажан избор на нова управа, по што ќе биде избрано и перманентно решение за улогата шеф на стручниот штаб.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.