
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Црвен картон за Болт, златото за Блејк
- '
- Објавено: август 27, 2011 22:00
Усеин Болт ги шокираше своите верни фанови останувајќи без пласман во финалната трка на 100 метри на Светското Првенство што се одржува во Даегу, Јужна Кореја. Најбрзиот човек на планетата важеше за главен фаворит за златниот медал, делуваше премногу самоуверено, но токму поради тоа прерано стартуваше и заработи дисквалификација.
Правилата се јасни, за погрешен старт следи црвен картон, а на Болт сигурно ќе му биде потребно доста време за да го заборави овој голем неуспех.
„Барате солзи? Нема да се случи такво нешто. Добро сум“ – беше кратката порака на Болт до камерманите и фоторепортерите кои настојуваа да го овековечат овој неверојатен момент.
Ваквиот развој на настаните го искористи сонародникот на Болт, Јохан Блејк, со фуриозна трка во вторите 50 метри стигна до златниот медал со време од 9:92 секунди. Зад Блејк се пласираа второпласираниот Американец Волтер Дикс, како и шампионот од 2003 година, Ким Колинс, кој овојпат се закити со бронзен медал.
„Не можам да ви опишам како се чувствувам во овој момент. Цел живот сонувам за ваков момент, а сега тој станува стварност. Жал ми е за Болт, тој ми има помогнато многу во кариерата, кога видов што му се случи посакав токму јас да победам, за да можам триумфот да му го посветам на него“ – изјави Јохан Блејк, новиот светски шампион на 100 метри.