Црно-бела фешта во Белград: Партизан стигна до 27-та шампионска круна! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Црно-бела фешта во Белград: Партизан стигна до 27-та шампионска круна!

Црно-бела фешта во Белград: Партизан стигна до 27-та шампионска круна!

Пред околу 27.000 навивачи на својот стадион во Белград, Партизан ја прослави 27-та шампионска титула со која повторно се израмни со својот најголем ривал, Црвена Звезда.

grobari

Во последното коло од шампионатот на Србија, како и што можеше да се очекува Партизан лесно со 4-0 славеше против Младост Лучани со што ја зачува предноста од три бода пред Црвена Звезда на првенствената табела, закитувајќи се со новата шампионска титула.

partizan leonardo

Леонардо уште во 18. минута ја најави победата, а Јевтовиќ стрелаше во 37. минута за 2-0.


Leonardo Goal – Partizan vs Mladost Lucani 1-0… by bamixos

Jevtovica Goal – Partizan vs Mladost Lucani 2-0… by bamixos

Во второто полувреме, Леонардо повторно погоди во 65. минута, Јанковиќ стрелаше за 4-0 во 70. минута, а Косовиќ во 81. минута ги постави конечните 5-0.


Leonardo Second Goal – Partizan vs Mladost… by bamixos

Marko Jankovic Goal – Partizan vs Mladost… by bamixos

Црвена Звезда која ја предводи поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски славеше, пред само 5.000 свои навивачи на стадионот „Рајко Митиќ“, со 4-0 против Раднички Ниш. Но, тоа недоволно за да дојде до трофејот.

stadion partizan crvena zvezda

За двата тима за сезонава останува уште пресметката и во финалето од Купот на Србија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.