„Црна“ вечер за фаворитите во НБА - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Црна“ вечер за фаворитите во НБА

Синоќешните натпревари во НБА-лигата донесоа низа изненадувања, па така порази на домашен терен претрпеа шампионот Мајами, вицепрвакот Сан Антонио, како и екипата на Оклахома сити. „Жешките“ од Мајами не најдоа начин да го запрат расположениот Стивен Кари, кој одигра фантастичен меч и го предводеше составот на Голден стејт до триумф од 114-123. Кари го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата, погодувајќи осум тројки за вкупно 36 поени, надополнети со 12 асистенции и 4 украдени топки. Покрај него „во елемент“ беше и Дејвид Ли, кој придонесе со 32 поени и 14 скокови во овој голем триумф на Голден стејт, па „воините“ со седмата победа во низа уште еднаш покажаа дека сезонава планираат атак на висок пласман.

Оклахома сити повторно загуби пред своите гледачи, овојпат од Бруклин, па станува се појасно дека тандер се соочува со огромен проблем по повредата на Расел Вестбрук. Бруклин имаше негатива од десет поени на неполни седум минути до крајот на мечот, но „мрежичките“ сепак успеаја да се вратат и да слават со 93-95 со поените на Џо Џонсон, постигнати со звукот на сирената. Дерон Вилијамс постигна 29 поени во овој триумф на својот тим, додека на спротивната страна Дурант постигна 24 поени.

Њујорк никс игра многу променливо сезонава, па токму затоа е изненадувачки што тимот од „големото јаболко“ успеа да слави на жешкиот терен во Сан Антонио (101-105). Кармело Ентони се врати по повредата и експресно покажа зошто важи за лидер на својата екипа, реализирајќи 27 поени, 12 скокови и 4 асистенции. Одлична игра прикажа и Шамперт, кој исто така постигна 27 поени, додека на спарси не им помогна ниту одличното издание на Белинели, кој го заврши натпреварот со 32 поени, сепак премалку за да се избегне поразот на оваа средба.

Резултати НБА: 

Кливленд – Орландо 87-81, Мајами – Голден стејт 114-123, Чикаго – Бостон 94-82, Оклахома сити – Бруклин 93-95, Сан Антонио – Њујорк 101-105, Феникс – Мемфис 91-99, Јута – Милвоки 96-87, Портланд – Шарлот 134-104, Сакраменто – Филаделфија 104-113

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.