Циндриќ: Успехот на Вардар долго се градеше, а најзаслужен е - Раул Гонзалес - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Циндриќ: Успехот на Вардар долго се градеше, а најзаслужен е – Раул Гонзалес

Циндриќ: Успехот на Вардар долго се градеше, а најзаслужен е – Раул Гонзалес

Лука Циндриќ имаше неверојатна година во 2017, промовирајќи се во еден од најдобрите средни бекови во Европа, освојувајќи ја титулата европски првак со Вардар, обезбедувајќи си трансфер во Кјелце од јули 2018. Циндриќ во интервју за „Спортске новости“ говори за шансите на хрватската репрезентација на ЕП 2018, но и се навраќа на успесите во дресот на Вардар.

Успехот не е случаен, бидејќи Вардар долго го градеше овој тим, предводен од ист тренер. Раул веќе долго е овде, не менуваме премногу, плаќавме со падови и тешки порази, но на крајот се ни се врати. Ланската сезона игравме извонредни, многумина мислеа дека тоа ќе биде тоа, променивме неколку играчи во тимот, но Вардар повторно игра извонредно“ – изјавува Циндриќ.

А главен „виновник“ за  успесите на „црвено-црните“ спорд Циндриќ е тренерот Раул Гонзалес.

Кога ќе создадеш енергија како што создадовме ние, тешко им е на ривалите да ни се спротивстават дури и кога играме лоше. Тоа е таа ситуација, да губиш четири гола и да си мирен бидејќи знаеш дека на крајот ќе славиш. Раул ни дава смиреност, тој е врвен тактичар, поседува се што еден тренер треба да има. Најдоброто е што дава целосна слобода, работиме пет-шест акции и тој не ми кажува која од нив да ја играм, ме остава самиот да си одлучам“ – истакнува Лука Циндриќ за „Спортске новости“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.