Цикарски потпиша двегодишен договор за Етникос Ахна - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Цикарски потпиша двегодишен договор за Етникос Ахна

Цикарски потпиша двегодишен договор за Етникос Ахна

Повремениот македонски репрезентативец, левокрилниот дефанзивец Мите Цикарски својата кариера ќе ја продолжи во кипарскиот прволигаш Етникос Ахна.

23-годишниот Цикарски, од вчера е на Кипар, а денеска и официјално се договори за трансфер од Работнички во редовите на Етникос Ахна, потпишувајќи, како слободен играч, двегодишен договор за соработка со Кипраните. Во редовите на Етникос Ахна настапува и поранешниот голман на „романтичарите“, Мартин Богатинов.

Цикарски, кој потекнува од младинската школа на белградски Партизан, претходно во својата кариера, освен за Работнички, има настапи и за Вардар во периодот од 2011 до 2014 година.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.