Ц. Звезда продаде 28.000 за мечот со ЦСКА, а ќе мора да игра без публика! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ц. Звезда продаде 28.000 за мечот со ЦСКА, а ќе мора да игра без публика!

Ц. Звезда продаде 28.000 за мечот со ЦСКА, а ќе мора да игра без публика!

Црвена Звезда доби казна од УЕФА, па ќе мора да игра без присуство на публика против московска ЦСКА во 1/16-финалето од Лигата на Европа.

Белграѓани добија казна поради испадот на навивачите во Борисов на дуелот против БАТЕ Борисов кога беше истакнат политички транспарент упатен со поддршка за поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ…

„Искрено, изненадени сме од оваа одлука на УЕФА. Жал ни е што одлучија на ваков начин, а ние ќе се жалиме на оваа одлука и веруваме дека жалбата ќе ни биде прифатена затоа што имаме доволно аргументи. Еден од фактите кои говорат во наша полза е тоа што уште во декември ги испративме до УЕФА цените на билетите за мечот. До сега продадовме 28.000 билети што е повеќе од половина стадион. Поради сето тоа ќе испратиме аргументирана жалба. Ќе ја почекаме одлуката околу жалбата, па ќе одлучиме за следните чекори“ – вели Звездан Терзиќ.

УЕФА токму во групната фаза од ЛЕ, речиси во идентична ситуација, ја ублажи казната на сплитски Хајдук кој имаше продадено 33.000 билети, па капацитетот на „Пољуд“ со нова одлука беше намален за само 500 места.

Првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа меѓу Црвена Звезда и ЦСКА Москва се игра на 13.февруари на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.