Тројца вардарци и Кире Лазаров во конкуренција за ол-стар тимот во ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тројца вардарци и Кире Лазаров во конкуренција за ол-стар тимот во ЛШ

Тројца вардарци и Кире Лазаров во конкуренција за ол-стар тимот во ЛШ

Европската ракометна федерација номинира по пет најдобри ракометари на секоја позиција што конкурираат за место во ол-стар тимот оваа сезона во во Лигата на шампионите. Покрај најдобрата седморка, ЕХФ бира и најдобар дефанзивец, најдобар млад играч и најдобар тренер во ЛШ.

Во конкуренција за место во идеалниот тим во ЛШ на позицијата десен бек е македонскиот репрезентативец во дресот на Барселона, Кире Лазаров. На истата позиција во конкуренција е и бекот на Вардар, Алекс Душебаев. Тој е еден од тројцата ракометари на Вардар што се најдоа во овој избор. Покрај Душебаев, за најдобро лево крило конкурира Тимур Дибиров, а  Илија Абутовиќ е еден од петте најдобри дефанзивци во ЛШ.

Признание за извонредната сезона на Вардар во ЛШ, доби и тренерот на „црвено-црните“, Раул Гонзалес. Тој е во потесниот избор за тренер на годината во ЛШ, заедно со Чави Пасквал (Барселона), Патрис Канаје (Монпелје), Хуан Карлос Пастор (Пик Сегед) и Љубомир Врањеш (Фленсбург).

За ол-стар тимот во Лигата на шампионите  може да гласате до 30 мај, на следниот линк:

http://info.salming.com/allstarteam#vote

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.