Триумф на Талески, пораз на Миркуловски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Триумф на Талески, пораз на Миркуловски

Триумф на Талески, пораз на Миркуловски

Филип Талески забележа победа, а Филип Миркуловски пораз во последните натпревари на македонските интернационалци во Бундес-лигата за 2017 година, пред нивното враќање во Скопје и приклучување на подготовките на националниот тим за ЕП 2018 во Хрватска.

Рајн-Некар Левен на Талески забележа рутинска победа на гостувањето против Штутгарт, триумфирајќи со 23-29. Охрабрени по дерби-победите над Фуксе Берлин и над Фленсбург, „лавовите“ одиграа беспрекорен меч и заслужено стигнаа до бодовите со кои сега се осамени на врвот на бундеслигашката табела. Талески не постигна ниту еден гол, а најефикасен кај Некар Левен повторно беше Анди Шмид, кој вечерва постигна пет погодоци.

За разлика од Талески, Филип Миркуловски со тимот на Вецлар со пораз ја заврши оваа 2017 година, губејќи на гостувањето против Минден со 26-24. Македонскиот среден бек немаше ниту еден обид кон противничкиот гол, а зад неговото име останаа запишани две асистенции, премалку за да се избегне третиот пораз на Вецлар во последните четири бундеслигашки кола.

Талески и Миркуловски по овие натпревари утре ќе допатуваат во Скопје, за од четврток да му се стават на располагање на селекторот Раул Гонзалес.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.