
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
ТРИ СЕКУНДИ: Мислам дека го видов претседателот!

1. Претседателе, а пехарите?
Синоќа во салата во Куманово имаше се и сешто, за жал најмалку кошарка. За момент мислам дека го видов дури и претседателот на МКФ, Петар Наумоски, кој собра храброст да дојде да присуствува во живо на еден натпревар во оваа сала. За жал, мечот стана „опасен по живот“ за навивачите, па се доигра пред празни трибини.
Судиите побараа без публика, но да ми е да знам кој му пренесе на Наумоски дека треба да се игра без претседател, особено кога станува збор за меч што може да биде (и се покажа решавачки). Пеце впрочем е „национале“ затоа што секогаш има план Б, па го остави својот потпретседател и легендата Буштур да ги поделат пехарите. Впрочем, Буштур е наша спортска икона, а потпретседателот ретко кој го знае, па ризикот од инциденти беше минимизиран. За награда најверојатно двајцата ќе одат во Кина, ионака има слободни места колку сакаш, по откажувањата на репрезентативците.
2. Опасно по живот
Шегата на страна, во Куманово синоќа беше опасно по живот. Атмосфера вообичаено бучна и тензична, а потоа и непотребно брутална полициска интервенција. Да се одговори на пеење „Не си идемо“ со пендреци и да се загрозат животи на стотици навивачи, апсолутно непотребно е нешто за што ќе треба некој да одговара, како опомена за да не се повторат немилите сцени во иднина. Бегаа жени и деца, летаа камења што за среќа не погодија никого. Зарем треба да се случи трагедија за некој сериозно да се замисли за полициските интервенции при справувањето со навивачите групи.
3. Битка за власт и кај тренерите
Желбата е апсолутна власт во федерацијата, па токму затоа челниците на МКФ инсистираат да завладеат и со тренерската организација, која по секоја логика и здрав разум треба да биде автономно тело. За денеска се закажани „избори“ во оваа организација, а првиот човек на федерацијата преку свој близок пријател (краткотраен тренер на МЗТ токму во сезоната кога Наумоски играше за овој тим) веќе наголемо лобира за свој фаворит – Драган Василов. Проблемот е што „лобирањето“ во на македонски начин, па преоѓа во закани, пред се во вработените во Спортската Академија, тренери кои ги именува МКФ и со самото тоа „господари“ со нивните судбини.
Очигледно е дека се стега обрачот, па секој глас за Наумоски на претстојното собрание ќе биде многу важен. А на тренерите е денеска да решат дали ќе станат дел од кошаркарска диктатура, или ќе го кренат својот глас.
Advertisement
Останато од категоријата
10:17
10/01/201809:41
10/01/201809:06
10/01/201808:28
10/01/201822:39
9/01/201822:17
9/01/201822:05
9/01/2018-
21:40
9/01/2018 21:22
9/01/2018-
21:02
9/01/2018 -
20:44
9/01/2018 20:06
9/01/201819:54
9/01/2018-
19:33
9/01/2018 -
19:17
9/01/2018
16:45
23/03/201218:42
18/10/201410:03
4/02/201708:28
15/05/201720:41
9/04/201609:44
28/01/201222:12
29/08/201713:51
16/10/201509:22
16/10/201108:58
30/11/201117:36
22/06/201619:42
16/08/201609:10
30/03/201515:39
8/05/201714:13
19/08/2015