Три опции за тренер на Вардар: Вујо, Дејвис или... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Три опции за тренер на Вардар: Вујо, Дејвис или…

Три опции за тренер на Вардар: Вујо, Дејвис или…

Вардар има зад себе фантастична 2017 година, заокружена со титули во речиси сите натпреварувања во кои „црвено-црните“ учествуваа (со исклучок на Суперглоуб). И колку и да е значајно кој голман ќе биде избран за наследник на Арпад Штербик, се чини клучен ќе биде одговорот на прашањето, кој ќе биде изборот на клупското раководство за наследник на Раул Гонзалес. „Ел Команданте“ без никаков сомнеж е најзаслужниот за успехот на проектот на „вардарци“, а неговата летна преселба во ПСЖ ќе остави огромна празнина на клупата на актуелниот македонски, регионален и европски првак.

Паузата за репрезентативни настапи ќе биде искористена за разгледување на опциите, а можеби дури и договор со некој од кандидатите што се наоѓаат на листата со желби на „црвено-црните“. Во моментов, најреални се три опции од кои Вардар ќе треба да избере.

1. ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ

Црногорецот има и селекторски (Словенија) и клупски ангажман (Копер), но и самиот не крие дека за Вардар го врзуваат само убави спомени и дека доколку се создадат услови тој сериозно би размислил за камбек на клупата на „црвено-црните“. Проблем во моментов дефинитивно е неговата различна филозофија за ракометот во однос на онаа на Сергеј Самсоненко, за што Вујовиќ говореше и во интервјуто за ЕКИПА. Сепак, се погласните најави за заминување на Русинот на крајот на сезонава широко ја отвораат вратата за „Вујо мајсторе“, кој останува миленик на навивачите.

raul gonzales i david dejvis

2. И ПО ШПАНЕЦ, ШПАНЕЦ

Втората опција е ангажман на еден од постојните стратези (или тренерски тандем) кои важат за блиски соработници на Раул Гонзалес, Давид Дејвис и Роберто Парондо.

Дејвис веќе неколку години наназад важи за „десна рака“ на Раул, во меѓувреме беше именуван и за асистент во руската репрезентација, но сигурно без премногу размислување би прифатил и самостоен тренерски предизвик, особено во клуб како Вардар. Kако резервна опција останува Парондо. Младиот стручњак е исклучително перспективен, воедно и би требало да остане во стручниот штаб на Раул во македонската репрезентација.

3. ЗОРАН КАСТРАТОВИЌ

zoran kastratovic 3

По Вујовиќ, уште една опција за која евентуален ангажман би значел и враќање назад во „црвено-црното семејство“. За потсетување, Кастратовиќ беше прв тренер на Вардар во „ерата на Самсоненко“ во 2013 година, но издржа на жешкото столче само неколку месеци, за да биде заменет најпрвин со тогашниот асистент Доне Бошковски, на неколку средби на клупата седеше и Сергеј Самсоненко, за на крајот да биде најдена перманентна тренерска опција во името на Раул Гонзалес.

Кастратовиќ потоа имаше успешна авантура во Катар, a моментно нема тренерски ангажман.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.