Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи

Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи

Европското Првенство веќе е на дофат, за само шест дена македонските ракометари ги очекува и премиерниот дуел против Словенија, а селекторот Раул Гонзалес ги финишира деталите кои ќе ја направат нашата репрезентација уште потежок ривал отколку што тоа беше случај на претходните големи натпреварувања. Контролата со Србија покажа низа позитивни промени во нашата игра, па иако станува збор само за пријателски натпревар оптимизмот оправдано се зголеми по одличниот настап во Белград.

На ред сепак од сабота доаѓа она вистинското, групата Ц во Загреб од Европското Првенство, во која секоја од репрезентациите има свои математики, но и адути. Во случајот на Македонија, колективот и воиграноста остануваат клучни фактори, но три работи се поинакви во однос на претходните европски и светски шампионати, работи кои можат да пресудат во наша полза кога ќе биде најзначајно.

1. „Свежиот“ Кире Лазаров

Капитенот и на ова ЕП како и на сите претходни ќе биде главен адут во нападот, со таа разлика што овојпат ќе биде далеку посвеж во однос на претходните години. Изненадувачки, тој сезонава има помала минутажа во Нант отколку што тоа беше случај до лани во Барселона (претходно во Атлетико, Сиудад Реал…), но од тоа нашиот национален тим може да има само корист. Како прво, Лазаров ќе биде поодморен и свеж да ги покаже своите „бомбардерски“ способности, а како второ, тоа сигурно ќе му биде и мотив повеќе на сите, особено на оние во Нант, да им стави до знаење дека се уште ги поседува истите лидерски способности како и минатите сезони.

2. Раул Гонзалес, и се е можно

Клучниот напред во македонската репрезентација, сепак се очекува на клупата, каде Раул Гонзалес го наследи Лино Червар и експресно успеа да го врати победничкиот дух, ведрата атмосфера, а со самото тоа и оптимизмот во пресрет на големите натпреварувања. Тврдењето на Червар дека Македонија не може „шест на шест“ против поголемите, туку мора да игра со играчи повеќе во нападот, експресно падна во вода откако Раул лесно го среди Исланд, а потоа во Скопје ја демолираше и Чешка.

Секако, предизвиците во Загреб се уште поголеми, но „ел команданте“ во изминатите години покажа дека е дораснат да одговори на секој од нив.

filip taleski

3. „Децата“ станаа „мажи“

Со години наназад велиме дека имаме таленти кои треба да добијат шанса да блеснат, до оваа 2018 година „децата“ веќе станаа „мажи“, подготвени за ракомет на највисоко ниво. Филип Талески и Филип Кузмановски се ракометари кои веќе имаат зад себе бројни настапи во ЛШ, беа предводници на младинската репрезентација на СП во Алжир, па сега оправдано од нив се очекува да имаат значаен придонес и во играта на сениорскиот тим.

Во зависност од изборот на Раул, на конечниот список би можеле да се најдат и Велковски, Крстески, Томовски… играчи кои во иднина сигурно ќе станат значаен дел од нашиот национален тим.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.