Трет пораз на ракометарките на „Трофеј Карпати“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Трет пораз на ракометарките на „Трофеј Карпати“

Трет пораз на ракометарките на „Трофеј Карпати“

Македонската ракометна репрезентација го претрпе и третиот пораз во низа во рамките од „Трофеј Карпати“, губејќи од селекцијата на Полска со 25-32. Нашите ракометарки во претходните два дена имаа тешки дуели со Бразил и со Романија, па денеска немаа енергија за да ја изненадат полската репрезентација, која со беспрекорна игра во нападот стигна до убедлива победа.

Во првото полувреме, слично како и на дуелот со Бразил, нашиот напад функционираше на високо ниво, Македонија постигна 15 погодоци за 30 минути игра, па на одмор се замина со предност на противникот од 15-19. Полските ракометарки потоа во вториот дел успеаја уште повеќе да ја зголемат позитивата, се до конечните 25-32.

Без оглед на убедливите порази, јасно е дека пресметките со реално далеку поквалитетни ривали ќе бидат добро искуство за селекторот Симевски и неговите избраници, во обид да го вратат женскиот репрезентативен ракомет онаму каде припаѓа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.