Тренерска смена во Црвена Звезда, Вукоичиќ на местото на Лазиќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тренерска смена во Црвена Звезда, Вукоичиќ на местото на Лазиќ

Само два порази, на гостувањата против Сплит и Задар, без доволни за Миливоје Лазиќ да добие отказ од функцијата шеф на стручниот штаб на Црвена звезда. Раководството на „црвено-белите“, кое што има огромни амбиции за новата сезона, реши експресно да реагира и да ја прекине соработката со овој стручњак, по што веднаш потпиша тригодишен договор со Влада Вукоичиќ. Новиот стратег на Црвена звезда доаѓа од клупата на Мега Визура, откако претходно седеше на клупата на неколку различни српски клубови. Вукоичиќ исто така му беше асистент на Душан Ивковиќ во стручниот штаб на српската репрезентација во квалификациите за Евробаскет 2013. 

 

Им благодарам на луѓето во мојот досегашен клуб што покажаа разбирање бидејќи Црвена Звезда е тим што едноставно не можев да го одбијам. Свесен сум за големината на предизвикот, за големите амбиции на „црвено-белите“ и верувам дека можам да помогнам зацртаните цели да се исполнат“ – изјави Вукоичиќ, кој своето деби ќе го има на дуелот на домашен терен против Унион Олимпија во рамките од третото коло од АБА-лигата. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.