Тренерот на Игокеа: МЗТ има одличен тим, но не знам зошто нема игра! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тренерот на Игокеа: МЗТ има одличен тим, но не знам зошто нема игра!

Тренерот на Игокеа: МЗТ има одличен тим, но не знам зошто нема игра!

Тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ по денешниот триумф од 68-77 против МЗТ во Скопје го потенцираше значењето на оваа победа за неговиот тим.

Бајиќ вели дека добро се подготвиле за македонскиот шампион кој, според него, има одличен избор на кошаркари. Очекувале подобра игра од противникот, но немаат ништо против и што на ваков начин се стигнало да победата…

„Сакам да им честитам на нашите кошаркари за победата. И пред мечот им потенцирав дека не можеме да дојдеме во Скопје со потценување на екипата на МЗТ. Шампионот на Македонија има одличен ростер, со одличен избор на кошаркари во тимот, но ете не може да создаде игра за подобри резултати. Знам дека МЗТ има извонредни индивидуалци, но овој пат победи нашата желба за триумф. Продолжуваме во ист ритам, веднаш насочувајќи се кон следниот противник Партизан. Јас сум среќен што ја продолжувам серијата без пораз во Скопје. Очигледно е среќен град за мене“ – рече Бајиќ на средбата со медиуми по мечот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.