Тренери од Англија и од Србија вклучени во работата на младинската школа на Пелистер (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тренери од Англија и од Србија вклучени во работата на младинската школа на Пелистер (ФОТО)

По именувањето на стручниот штаб во првиот тим, ФК Пелистер деновиве ја отвори вратата на својата Академија и за двајца еминентни тренерски стручњаци за работа со млади категории кои во улога на предавачи работеа со членовите на школата на клубот и со тренерите од битолското фудбалско подрачје.

Србинот Драган Марјановиќ, кој е архитект на школата на Слобода од Ужице и човек кој ги создаде Немања Видиќ и Милан Јовановиќ и англискиот стручњак со туниско потекло Жадиди Шарауи, кој живее во Ливерпул, но бил дел од работата во Тотенхем и Хадерсфилд, до средината на оваа недела ќе работат на терените на клубот.

SAMSUNG DIGITAL CAMERA

Деновиве тие најнапред имаа теоретски предавања, а потоа и на терен практично ги понудија своите услуги на битолските таленти и тренери.

„Задоволство ми е што сум дел од овој проект кој сметам дека ќе биде успешен. Ние во Србија знаеме каков статус имаше и има Пелистер и ќе се вратам во мојата земја полн со импресии. Со условите кои полека се создаваат и талентот кој е неспорен на овие простори, убеден сум дека овој клуб има своја светла иднина“ – вели Драган Марјановиќ, на чие мислење се дополнува и она Жадиди Шарауи:

„Среќен сум што сум тука и благодарен му сум на мојот пријател Милош Манојловиќ за поканата. Во оваа работа еден човек ништо не може сам. Сите заедно треба да работиме за оваа академија да ја насочиме на правиот пат. Во Македонија се чувствувам прекрасно, луѓето се гостопримливи, баш како да сум во мојата земја“.

SAMSUNG DIGITAL CAMERA

Проектот како максимално успешен, но и повеќе од добредојден за Пелистер го оценува и спортскиот директор на ФК Пелистер, Милош Манојловиќ.

„Сите коментари за ваквиот начин на работа се позитивни и скоро сите со одобрување зборуваат за нашите гости. Затоа ќе ни биде честа пракса нашиот клуб и нашата академија да ја посетуваат и со свое знаење да ја оплеменуваат познати светски стручњаци, кои знаат повеќе од нас и кои ќе ни помогнат да ја развиеме школата на Пелистер“ – вели Манојловиќ.

SAMSUNG DIGITAL CAMERA

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.