Тодоровски за нова победа над Србија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тодоровски за нова победа над Србија

 Македонската футсал репрезентација успеа да слави и на вториот контролен натпревар што го одигра против соодветната селекција на Србија. По убедливите 6-2 на првиот меч во Велес, „црвено-жолтите“ овојпат многу потешко стигнаа до триумф од минимални 3-2. Херој на македонската репрезентација беше Мартин Тодоровски, кој во неверојатен финиш го постигна победничкиот гол буквално во последната секунда од натпреварот. 

 

Мечот почна одлично за Македонија, ако се знае дека по само една минута игра поведовме преку капитенот Левески. Сепак, Рајчевиќ со прецизен волеј удар израмни на 1-1, а на почетокот од вториот дел Коциќ се погрижи Србија да дојде во водство од 2-1. Противникот имаше повеќе од играта и по водството, но работите се сменија кога македонскиот селектор Скендеровски реши да ризикува и на шест минути до крајот го извади од игра голманот за да бидеме со фудбалер повеќе во поле. Ризикот се исплатеше бидејќи Мицевски успеа да израмни на 2-2. Во самиот финиш се чинеше дека и двете селекции се задоволни со рем, но буквално во последните моменти Македонија брзо изведе еден аут, а Тодоровски одлично ја протна топката под српскиот голман во мрежата на противникот, носејќи им радост на малубројните навивачи во спортскиот центар „Форца“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.