ТЕМА НА МЕСЕЦОТ: Можат ли кошаркарите до медал на Евробаскетот во Словенија? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ТЕМА НА МЕСЕЦОТ: Можат ли кошаркарите до медал на Евробаскетот во Словенија?

Од самиот свој
почеток ЕКИПА како медиум во огромна мера ги цени своите читатели како
рамноправен фактор во креирањето на јавното мислење во областа на спортот.
Токму поради тоа изминатиов период се слободно дозволените коментари околу
актуелните теми кои сите заедно не окупираат.

 

Во таа насока и
овој месец продолжуваме на дел од клучните теми кои го оптоваруваат
македонскиот спорт да го слушнеме мислењето и на своите читатели и овој пат
сервирајќи пред вас: Интерактивно
разгледување на актуелните состојби во македонскиот спорт.

 

ЕКИПА пред Вас ќе
ги нуди најважните прашања од областа на спортот, секако актуелни во моментот,
како еден вид тема на месецот, а потоа сите ваши конструктивни ставови изнесени
преку вашите Фејсбук профили ќе бидат сумирани во едно заедничко четиво со
одредени заклучоци кои ќе бидат објавени во новиот спортски магазин ЕКИПА.

 

Како тема за овој
месец нудиме: Можат ли македонските
кошаркари до медал на Евробаскетот во Словенија?

 

Македонија за
еден месец ја очекува ново учество на Европско првенство, овој пат во
Словенија, каде се впуштаме како четврта кошаркарска нација, според пласманот
од последниот Евробаскет во Литванија. Пред две години нашите кошаркари на
најдобар можен начин и ја покажаа на Европа, по малку неочекувано за многумина,
сета своја моќ. Наша огромна желба секако е најмалку да се повтори Литванија,
но зошто да не и да се оди чекор понатаму до медал. Сепак, прашање е дали
реално сме подготвени за такво нешто?

 

Како и да е, ви
ги презентираме дел од насоките за разгледување на темата:

 

* Има ли Македонија сили и квалитет да го повтори успехот
од Литванија во ситуација кога сега и противниците со поинакви очи гледаат на
нас, воопшто не потценувајќи не како претходно?

 

* Колку за нашиот резултат влијание ќе имаат актуелните
подготовки? Има ли позитивно помрднување во македонската кошарка изминативе две
години кое може да ни даде основа за оптимистички очекувања?

 

* Може ли да биде пресудно за нашиот конечен пласман
повторното единство кое владее меѓу играчите во националниот тим? Може ли да
биде клучен фактор тоа што нема ниту едно откажување за настапот во Словенија,
па Антиќ, Мекејлеб, Илиевски, Чековски, Самарџиски, Стојановски… на крилјата на
сопственото заедништво да не донесат до нова радост?

 

* Може ли да се искористи фактот дека најдобрите европски
селекции ќе играат без добар дел свои клучни кошаркари кои откажаа настап, па
да се замешаме и во борбата за медал? Може ли новиот селектор Алеш Пипан да
биде дополнителен импулс да се стигне до некое од одликувањата?

 

* Време ли е конечно Македонија да го почувствува
пиедесталот на едно големо европско натпреварување?

 

Ова се дел од
насоките околу актуелната отворена тема на која ЕКИПА го бара мислењето на сите
наши пријатели и читатели, почнувајќи од обичните навивачи па се до
многубројните актуелни и поранешни спортисти и спортски работници, новинари,
кои се со нас безмалку секој ден.

 

Сите
конструктивни ставови на оваа тема ќе бидат пренесени во вториот број на
магазинот ЕКИПА.

 

Правила

Согласно
утврдените правили воопшто нема да бидат земани во предвид коментарите од лажни
профили. ЕКИПА апелира да заборавиме на навредливи содржини кои будат поделба
на политичка, национална, верска и расна основа, затоа што истите веднаш ќе
бидат отстранети. Темата на месецот на ЕКИПА ќе биде исто така периодично
рефреширана.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.