ТЕМА НА МЕСЕЦОТ: Македонските фудбалски клубови вечни статисти на европската сцена!? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ТЕМА НА МЕСЕЦОТ: Македонските фудбалски клубови вечни статисти на европската сцена!?

Од самиот свој
почеток ЕКИПА како медиум во огромна мера ги цени своите читатели како
рамноправен фактор во креирањето на јавното мислење во областа на спортот.
Токму поради тоа изминатиов период се слободно дозволените коментари околу
актуелните теми кои сите заедно не окупираат.

 

Во таа насока и
овој месец продолжуваме на дел од клучните теми кои го оптоваруваат
македонскиот спорт да го слушнеме мислењето и на своите читатели па и овој пат
сервираме пред вас: Интерактивно
разгледување на актуелните состојби во македонскиот спорт.

 

ЕКИПА пред Вас ќе
ги нуди најважните прашања од областа на спортот, секако актуелни во моментот,
како еден вид тема на месецот, а потоа сите ваши конструктивни ставови изнесени
преку вашите Фејсбук профили ќе бидат сумирани во едно заедничко четиво со
одредени заклучоци кои ќе бидат објавени во новиот спортски магазин ЕКИПА.

 

Како тема за овој
месец нудиме: МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ
КЛУБОВИ ВЕЧНИ СТАТИСТИ НА ЕВРОПСКАТА СЦЕНА!?

 

Анализирајќи ги
учествата на нашите клубови на европската сцена последниве години јасно е дека
едноставно само живееме пратени од сонот да се стигне до групната фаза од двете
најквалитетни европски клупски натпреварувања. Факт е дека и во новата летна
квалификациска сезона, а според трансфер периодот кој се одвивива кај сите
македонски европски претставници, нашите тимови ги чека повеќе од тешка задача
да се мине некое коло во квалификациите за ЛШ и за ЛЕ.

 

Ви ги
презентираме дел од насоките за разгледување на темата:

 

* До кога македонските клубови ќе ја имаат само
споредната улога на европската сцена?

 

* Можно ли е во блиска иднина да се надеваме на
натпревари по групи во ЛШ или ЛЕ? Што е неопходно за да се стигне до истото?
Имаат ли нашите клубови било каква стратегија за да дојдат до европскиот
фудбалски сон?

 

* Ја играат ли финансиите пресудната улога околу
остварувањето на овие желби?

 

* Кој од актуелните претставници, по денешната ждрепка,
во квалификациите за ЛШ и ЛЕ има најголеми шанси да го мине својот противник на
стартот?

 

Ова се дел од
насоките околу актуелната отворена тема на која ЕКИПА го бара мислењето на сите
наши пријатели и читатели, почнувајќи од обичните навивачи па се до
многубројните актуелни и поранешни спортисти и спортски работници, новинари,
кои се со нас безмалку секој ден. Овој пат на македонскиот спорт и медиумскиот
простор му е неопходна една навистина отворена но конструктивна дебата од која
сите ние заеднички може да извлечеме само позитивни поуки!

 

Сите
конструктивни ставови на оваа тема ќе бидат пренесени во новиот број на
магазинот ЕКИПА.

 

Правила

Согласно
утврдените правили воопшто нема да бидат земани во предвид коментарите од лажни
профили. ЕКИПА апелира да заборавиме на навредливи содржини кои будат поделба
на политичка, национална, верска и расна основа, затоа што истите веднаш ќе
бидат отстранети. Темата на месецот на ЕКИПА ќе биде исто така периодично
рефреширана.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.