Тажна приказна за македонскиот Австралиец: Наумоф поради срцеви проблеми става крај на кариерата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тажна приказна за македонскиот Австралиец: Наумоф поради срцеви проблеми става крај на кариерата

Тажна приказна за македонскиот Австралиец: Наумоф поради срцеви проблеми става крај на кариерата

Еден од најталентираните фудбалери од Австралија, 21-годишниот Македонец Крис Наумоф неочекувано става крај на својата професионална фудбалска кариера поради откриени генетски проблеми со срцето.

Наумоф, кој има македонско потекло, како еден од најталентираните фудбалери од Австралија само пред две недели потпиша тригодишен договор со шпанскиот второлигаш Нумансија. Но, по промоцијата во новиот клуб, за време на редовните лекарски прегледи кај него се утврдени генетски аномалии на срцето поради што, на препорака на лекарите, мора да стави точка на својата карира. Па, Нумансија веќе објави дека мора да го раскине договорот со Наумоф.

Денеска, официјално, и Крис Наумоф ја потврди одлуката, за жал, да ја прекинe својата кариера.

„Како што сите знаат неодамна се оствари мојот сон со потпишувањето тригодишен договор со Нумансија во Шпанија. Но, за време на задолжителните лекарски прегледи во Нумансија беа откриени аномалии со моето срце. По два нови едноподруго прегледи, од врвни кардиолози во Мадрид, и со финалните консултации со професорот од Сиднеј, утврдена е дијагноза хипертрофична кардиомиопатија, генетска состојба која вклучува задебелување на внатрешноста на срцевиот ѕид, која носи висок ризик за срцев удар, посебно за професионални спортисти. Како резултат на сето тоа, а по консултации со бројни експерти, со огромна тага ве известува дека ставам крај на мојата професионална фудбалска кариера. Сакам да искажам огромна благодарност до Нумансија, до мојото досегашен клуб Сиднеј и до сите искрени пријатели кои се со мене во овие тешки моменти“ – вели меѓу другото во своето обраќање до јавноста, Крис Наумоф.

Крис Наумоф одигра 55 натпревари за Сиднеј во најсилната австралиска лига, што беше за него одлична препорака за трансферот во Нумансија. Наумоф беше разгледуван и како еден од фудбаларите кои во иднина би можеле да настапат и за македонската сениорска репрезентација, со оглед на тоа што досега имаше само настапи за младата селекција на Австралија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.